Форум на жени на општинската организација на ЛДП Охрид и ЛИДЕМ Охрид во рамките на своите редовни партиски активности, по повод 8-ми Март – Денот на жената,  организира хуманитарна акција – донирање храна и средства за лична хигиена за социјално најзагрозените случаи на самохрани мајки. Жените беа посетени во своите домови, каде што навистина можеше да се почувствува нивната тешка животна приказна.


– Донирањето на храна и средства за лична хигиена се доволни за минутна насмевка на нивните лица, но тоа не значи решавање на нивните проблеми. Затоа нашите членови се обврзаа на понатамошна соработка со истите и помагање во рамките на можностите, велат од Форумот на жени при ЛДП и ЛИДЕМ.

OhridNews