Исидора Јанева го освои првото место и Дамјана Видическа го освои третото место. Овој успех го постигнаа под менторство на наставничката Билјана Атанасовска.
За постигнатиот успех на натпреварот, Јанева како награда доби стипендија за учество на летен камп во Германија. Покрај тоа, и двете ученички добија дидактички средства и помагала кои ќе им користат во нивната понатамошна едукација.