Избрани осмооделенци  од ОУ„ Григор Прличев“  беа тестирани од страна на лиценцирани испитувачи од Гете-Институтот  за утврдување на јазичното ниво на познавање на германсикиот јазик. Најдобрите двајца од вкупно избраните дванаесет ученици, кои претходно во училиштето за странски јазици „ Таргет“  посетуваа бесплатен курс по германски јазик, овозможен и финансиран од страна на Гете-Институтот, добија стипендија, а со тоа и единствена можност  да учествуваат во тринеделен камп за млади во Германија.

Под менторство на  професорките по германски јазик Моника Сасанска и Маховска Ивана талентираните ученици Филип Петар Симоновки и Михаил Ангелески ќе можат лично да ја запознаат Германија, но и да запознаат деца од целиот свет кои исто така се стипендисти на Гете-Институт.

Гете –Институтот веќе четврта година стипендира ученици од ОУ„ Григор Прличев“ , кое е едно од трите основни германски партнерски училишта во Република Македонија.

OhridNews