Под мотото „Биди ѕвезда не фрлај петарди“, претставници на Одделението за превенција при СВР Охрид во текот на вчерашниот ден им одржаа предавање на осмооделенците од ОУ „Григор Прличев“ во Охрид.
Во рамки на предавањето учениците беа запознаени со ризиците од употреба на пиротехничките средства, особено пред и по Новогодишните празници кога пиротехниката е најзастапена.
-На мошне современ начин ова предавање им ги доближи опасностите, ги поттикна да размислуваат кон поинаков правец, односно на пиротехниката да гледаат како на проблем. Ваквите предавања секако дека оставаат позитивни траги во развојот на личноста кај учениците, на ваков начин на време можат да се спречат наивните детски љубопитства кои можат да завршат со повреди, велат од училиштето.
OhridNews