Во организација на Yahya Kemal college, во Струга се одржа математички квиз на кој највисоката награда ја понесоа учениците од основното училиште „Григор Прличев“.
Тимот во состав: Емилија Николовска, Нина Стевоска и Драгана Каневче, од деветто одделение се натпреваруваше под менторство на наставничката Марика Бубеска и го освои првото место, при што се закити со златен медал.
На квизот, што се одржа за прв пат, учествуваа над триесет тимови од основните училишта од регионот.












