Во основното училиште „Христо Узунов“, денес, се одржа Отворен ден на демократијата со презентирање низа активности подготвени од страна на учениците од осмите и деветтите одделенија.

  • Главна иницијатива и активности ги имаа самите ученици. Ваквите отворени денови можеби не се одржуваат многу често, но сепак за денес учениците подготвија доста активности со кои сакаат да покажат што е демократија, како тие ја прифаќаат и како треба да постапат во врска со демократијата, вели директорката на училиштето Оливија Пирузева Јанева.

Отворен ден на демократијата по втор пат се реализира со учество на учениците од осмите одделенија, а за прв пат со ученици од деветто одделение.

  • Наша цел е да ги искажеме своите ставови, идеи и мислења преку активностите: Развој на човековите права, Хуманите вредности и слично. Сметам дека треба д аима повеќе вакви настани, затоа што децата се пред се, вели ученичката Бојана Суклоска.

Денешните активности се реализираа во рамки на новиот концепт за граѓанско образование.