Во ОУ “Св.Климент Охридски”, деновиве се одржаа „Игри без граници“, организирани од Извидничкиот Центар “Пионер”, на кои учество зедоа 84 ученици од 7 основни училишта од Општина Охрид.

Првото место го поделија ученичките екипи од 6 одделение при ОУ “Св.Климент Охридски” и учениците од ОУ “Григор Прличев”.