По повод Светскиот ден за борба против СИДА во училиштето „Григор Прличев“ се одржа предавање од страна на волонтери на Црвен Крст Охрид. Учениците од деветтите одделенија имаа можност да се запознаат со базични податоци за болеста и ХИВ–вирусот.

Учениците се запознаа и со црвената лента –панделка, симболот на солидарноста која покажува дека лицето кое ја носи е свесно за проблемите врзани со ХИВ/СИДА –та, дека се солидаризира со борбата против оваа болест и дека им оддава почит на лицата кои и подлегнале на оваа болест и сеуште се борат за својот живот.

OhridNews