
Престрелката се случила кога на група лица било пукано од возило во кое се наоѓале неколкумина. Првичните сознанија за причината за настанот се меѓусебните нарушени односи. По настанот, сторителите го напуштиле местото и во моментов се недостапни на органите на прогонот. – соопшти Јавното обвинителство.
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга во насока на расветлување на настанот и сторителите, издаде наредба за обдукција на починатото лице, за прибирање и вештачење на траги од лице место. Возилото од кое се пукало е испратено на вештачење и обработка, се вели во соопштението.
OhridNews











