Во основното училиште „Христо Узунов“ се оддржа регионален натпревар по Народна техника на кој бројните основци од охридско- струшкиот регион ги покажаа своите стекнати вештини од повеќе области.

Прворангирани на натпреварот се учениците: Ана Филипче ученичка во осмо одделение во ОУ „Григор Прличев“ од областа Применета биологија, под менторство на професорката Валентина Петреска. Од  областа агротехника најуспешен беше  Александар Грунчевски осмо одделение ОУ „Христо Узунов“ под  менторство на професор  Владо Андрески, област применета хемија Сара Митаноска ОУ „Св. Климент Охридски“  ментор Дивна Стрезовска, област екологија Александар Буџакоски ОУ „Св. Климент Охридски“ ментор Дивна Стрезоска, област конструкторство Валентин Божиноски ОУ „Христо Узунов“  ментор Милица Манева, област применета физика Ангела Маџар ОУ „Христо Узунов“ ментор Вера Зороска, област електроника Петар Киселинов ОУ „Св. Климент Охридски“ ментор Дивна Срезоска, област компјутерска техника Кирил Крстески ОУ „Браќа Миладиновци“- Струга ментор Викторија Попоска.

Најуспешните ученици се стекнаа со право да учествуваат на државниот натпревар по Народна техника што на 10 мај ќе се оддржи во Пехчево.

OhridNews