Учениците се стекнаа со основни предзнаења за причините , начините , видовите на трговијата со луѓе , но најголем акцент беше ставен на превенцијата, односно како младите можат да се самозаштитат себеси од синџирот на трговија со луѓе .
На симболичен начин со исцртување на своите дланки, децата од предметна настава кажаа СТОП ЗА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ.
Како што потенцираат од министерството за труд и социјална политика, најважниот сегмент за намалувањето на случаите на трговија со луѓе е вистинскиот пристап кон решавање на овој проблем, пред се со вистинска информација за младите лица и за трката по брза заработка. Особено кај малолетните припаднички на женскиот пол, кои треба да бидат исклучително внимателни.
– Дисфункционалноста или економските проблеми во нивните семејства нема да ги решат со ваквиот начин на заработка, а може да се доведат во ситуација на сериозен ризик, кој комплетно ќе го наруши нивниот натамошен развој, порачуваат од министерството.
Во текот на оваа година МВР има откриено вкупно шест жртви на трговија со луѓе, од кои три се малолетни лица, а другите три се странски државјани кои биле трудово и сексуално експлоатирани.
Во текот на оваа година, кривично се пријавени вкупно шест сторители на кривичното дело трговија со луѓе и трговија со малолетно лице. Годинава е изречена судска пресуда со вкупна казна од 52 години затвор за осуммина обвинети од акцијата „Ноќ“, меѓу другите и еден полициски службеник, како и корисници на сексуални услуги од малолетни жртви на трговија со луѓе.