Во рамки на проектот „Посета на институции„ организиран од Младинскиот совет Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, го посетија 25 ученици од Основното училиште „Братство и Единство“.


    
Целта на посетата беше запознавање на најмладите со организациската поставеност и функционирањето на Полицијата, запознавање со полициските овластувања и надлежности, улогата на Полицијата во современото општество, преземањата на Полицијата на превентивен план преку разни проекти и превентивни кампањи, но и непосреден разговор на учениците со Полициските службеници поврзан со секојдневното извршување на полициските задачи, проблемите во градот и сл.


    
Учениците од осмо одделение, имаа практична можност да го посетат Дежурниот оперативен центар на СВР Охрид, Оделението за криминалистичка техника, станицата за безбедност во патниот сообраќај како и езерската Полиција во состав на Граничната Полиција регионален центар Запад како и Територијалната против-пожарна единица.


    
Од страна на непосредните раководители им беа презентирани основните надлежности на секоја организациона единица и им беа демонстрирани материјално-техничките средства со кои располагаат.


    
Како транспарентна, и институција отворена за јавноста, посетата на учениците од Основното училиште „Братство„ на СВР Охрид, е во согласност со новиот концепт на полициска активност „Commynity polising-Работа со заедницата„ но и со трајната и стратегиска определба  за блискост на Полицијата со граѓаните, информираат од СВР Охрид.

OhridNews