„Заштитата на охридската пастрмка и нашето учество во нејзината заштита“ и „Загадување на  Велгошка река со фосфати и нејзина заштита“, се двата проекти со кои ОУ „Григор Прличев“ – Охрид, ќе настапи на еко – натпреварот што го организира приватното училиште „Јахја Кемал“. За двата проекти се изработени мошне ефектни, информативни  и поучни постери . Тие се дело на учениците Никола Таштаноска и Бранка Бунташеска со менторот Зора Ѓоршоска – за првата тема , односно ученичките Евгенија Матеска и Миа Лотеска од VII/Б одделение – за втората тема.


Учениците на Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид, покрај своите редовни училишни обврски и успеси потврдени на разни регионални и републички натпревари по разни предмети, покажаваат континуирана и активна вклученост во реализацијата на повеќе проекти од областа на екологијата кои ги спроведува Општината во соработка со разни странски асоцијации или донатори , а во прв ред УСАИД програмата за образование или екологија.


Позната и забележителна активност во подигањето на јавната свест за здрава животна средина беше вклученоста на учениците од ова училиште во проектот „Зелено училиште“  во соработка со УСАИД, Општината и ЈП „Охридски комуналец“.

Ohridnews