При крај се подготовките за претстојниот патронен празник на основното училиште „ Григор Прличев“. И годинава, во Центарот за култура , на 6- ти февруари, предвидено е да се одржи пригодна свеченост на која ќе земат учество основците од речиси сите одделенија.

Годинава предвидена е богата програма во чии рамки со свој рецитал „ Македонија некогаш и денес“ ќе настапат учениците осмо одделение од Рецитаторската секција. Училишниот хор ќе изведе неколку песни, а присутните покрај останатите содржини , ќе може да го проследат и настапот на оркестарот и ритмичките точки, информира директорката на училиштето, Силвија Мојсоска.

По повод патрониот празник на училиштето беше распишан и литературен и ликовен конкурс. Наградите за најуспешните творби ќе бидат доделени на свечената приредба на 6- ти февруари.

OhridNews