Основците од „Григор Прличев“ трета година по ред успешно го реализираат проектот „Дедо Мраз подарува книга“, во рамки на кој учениците самостојно изработуваат разни креации кои потоа ги продаваат. Собраните средства ќе одат за обновување на книжниот фонд на школската библиотека.

И годинава младите ученици ја покажаа својата инвентивност и креативност за што беа солидно наградени од родителите и блиските кои беа најбројни посетители на предновогодишната продажба на украси во О.У. „Григор Прличев“, што се одржа синоќа.


Креациите на основците од “Г. Прличев“ добро се продаваа

OhridNews