Учениците од ОУ „Христо Узунов“ во Велес ја преставуваше општина Охрид на манифестацијата Спортски Бон Тон ( Традиционални спортски игри).Проектот е концепт кој ќе се одвива во повеќе општини низ цела територија на Македонија, а се со цел социјализација и етичка инклузија на младите преку спортот како средство за социјализација на луѓето и можност за одржување на мултиетничноста и мултифункционалноста на нашата држава.

Целта е да се промовира Спортски Бон Тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавање со нивните традиции, култури и обичаи. Главна порака од овој проект е враќање на вистинските вредности на детството, социјализацијата на младите преку разни традиционални спортски игри кои во новото време се подзаборавени, вели директорот Тони Симоновски.

Инаку на манифестацијата беа присутни и Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе  Иванов, Абасадорот на Соединетите Американски Држави Пол  Волерс, Градоначалникот на градот Велес Славчо Чадиев и други еминентни лица.

OhridNews