Ученици од О.У. „Христо Узунов“ од спортската секција во училиштето во рамките на својата годишна програма, вчера, одржаа „Велосипедски крос“ за учениците од предметна настава, од шесто до деветто одделение.
Тргнувањето на сите учесници на кросот беше од училишниот двор и се возеше по улицата Питу Гули кон излезот на Охрид кон Битола-Лескоец-Косел-Вапила-Г.Лакочереј-Д.Лакочереј-Орман-Влез на Охрид од страна на Кичево, а дефилето беше во О.У. „Христо Узунов“.
Училиштето при организацијата и реализација на Велосипедскиот крос доби подршка од СВР-Охрид,општинскиот Црвен Крст и велосипедскиот клуб ЗШ Точак.
Велосипедскиот крос се одржа во чест на државниот празник „8-ми Септември“-ден на независноста на Македонија ,а целта е подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот дека и велосипедистите се рамноправни учесници,анимација на младите за потребата од физичка активност надвор од училишните клупи,запознавање на поблиската околина и безбеден начин за учество на велосипедистите во сообраќајот.
OhridNews