Во организација на секторот за внатрешни работи Охрид  и здруженијата на уметници  „Културен центар-Медиа Артес„ и  „АРТерија“ од Охрид, вчера, вопросториите на основното училиште Христо Узунов се одржа втората работилница од проектот „ Дрога-вистина и заблуди“.

Предвиденое да се одржат осум вакви работилници, чии целни групи се учениците од петто до осмо оделение од основните училишта во општините Охрид и Дебрца.

Работилниците  се координирани од актерката Јасмина Билаловиќ, а за уметничкото водство на процесот се задолжени визуелните уметниците Ели Аин и Стефчо Наумоски. 

OhridNews