Вчера во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одигра театарската претстава „Сказна за рибарот и златната рипка“ според Пушкин, во која учестуваа еминентните македонски глумци Шенка Колозова, Гоце Тодороски, Владо Дојчиновски и Дубравка Киселички.

„Целта беше најмладите да се запознаат со театарската уметност, но и да се стекнат со театарска култура за посетување претстави во театар.“ – изјави директор на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

По претставата, учениците имаа можност да се дружат и запознаат со актерите.

OhridNews