Во рамки на серијата посети на основците на локалната самоуправа, денес, со работењето на општинската администрација имаа можност да се запознаат и учениците од ОУ „Христо Узунов“.
Секретарот на општината Димитар Спасески во улога на домаќин, ги запозна младите охриѓанчиња со начинот на функционирањето на Локалната самоуправа. Децата во улога на градоначалник, претседател на совет, секретар и градски советници, во големата сала учествуваа на импровизирана седница на совет , а секретарот Спасески одговараше на нивните прашања.
Младите се запознаа со надлежностите на градоначалникот и на останатите стручни служби, а посетата ја заокружија со обиколка низ општинската зграда, при што имаа можност да ги видат кабинетот на градоначалникот , како и просториите на службите.
OhridNews
















