Четвртоодделенците од ОУ „Христо Узунов“, денеска ја посетија општинската зграда. Во големата сала беа пречекани од градоначалникот, Јован Стојаноски, кој ги запозна со основните функции и работата на Локалната самоуправа, а потоа одговараше и на прашањата што беа упатени до него.

Учениците беа и во кабинетот на градоначалникот, каде се запознаа со неговата работа, а посетија  и неколку одделенија од локалната администрација. Посетата на основците е во рамки на наставниот предмет општество, при што учат за функционирањето на локалната самоуправа.

OhridNews