По повод светската недела на стари и изнемоштени лица,  учениците и наставниците од Основното училиште „ Христо Узунов“ организираа хуманитарна акција и ги посетија згрижените лица во Одделението за геријатрија при Општата болница.

Основците пред присутните се претставија со подготвена програма. Како што потенцираат од училиштето, целта е да  им се помогне на старите и изнемоштени лица, а воедно и да се поттикне свеста кај младите лица за хуманоста и правилниот развој на учениците.

OhridNews