Во рамки на предвидените активности за запознавање и изучување на работата и функционирањето на локалната самоуправа, четвртоодделенците од ОУ „Кочо Рацин“ денес беа во посета на Општина Охрид.
Во големата општинска сала ги прими градоначалникот Јован Стојаноски кој одговараше на прашањата што до него ги упатуваа младите „советници“. Учениците беа гости и во кабинетот на градоначалникот, а се запознаа и со работата на останатите служби на општинската администрација.
OhridNews
















