Понесени од магијата на книгата и од големото свое љубопитство, основците од Косел ја оставарија и овој пат својата цел: беа присутни среде богатството од книги и идеи. Учениците посетија повеќе штандови на Саемот, дознаа многу корисни информации, научија многу корисни совети како и каде да го продолжат своето образование, при што остварија средби и со повеќе писатели и купија книги.
Учениците од Косел престојот во Скопје го искористија и за посета на Музејот на македонската борба за државност и независност.