Екипата од ОУ “Ванчо Николески” од Лескоец составена од учениците Милан Крстевски, Антонио Вангелоски, Ивона Трајческа, заедно со нивниот ментор Наталија Јованова, се победници на финалниот дел од натпреварот на квизот “И јас сум Црвен крст”, наменет за учениците од основните училишта од општините Охрид и Дебрца. Главната награда за победниците на квизот е 7-дневен одмор на Златибор.


Второто место и припадна на екипата од ОУ “Григор Прличев”, а на третото место се пласираа од ОУ “Живко Чинго” од Велгошти. За второ и трето пласираните екипи се обезбедени награди кои од страна на организаторот ќе бидат објавени во текот на месец јануари.


Квизот, кој започна на почетокот од месец декември,  се одржа во организација на општинскиот Црвен крст.  Сите учесници имаа задача да го проучат движењето на Црвениот крст и црвената полумесечина и преку интерни квиз натпревари да го изберат претставникот за големото финале.
 
За регуларноста на натпреварот се грижеше 7 члена жири комисија во чии состав беа претставници на Локалната Самоуправа , Министерството за Образование , претставници на Црвен Крст и инструктори по Дисеминација .

OhridNews