Во основното училиште „Братство Единство” еден од одделенските часови беше посветен на Денот на ретките болести. Одделенските раководители со своите ученици  во паралелката одржаа предавања и работилници со цел да се приклучат кон кампањата за одбележување на Денот на ретките болести.

Учениците од  четврто 4 одделение,  заедно со својот  одделенски раководител Мирјана Карамешиноска, инклузивниот дефектолог Наташа Илоска  и психолог во училиштето, Стојна Танос изработија  хамери и отпечатоци со боите на логото за Денот на ретките болести и најавија вклучување во маршот закажан за 28.02.2018 година.