Учениците од ОУ „Григор Прличев“, денеска ги посетија старите лица во Одделението за геријатрија при Општата болница во Охрид.

Најмладите, со новогодишни честитки, песнички, дружба, слатки и овошје, уште еднаш ја покажаа својата грижа кон постарите лица кои се сместени во оваа установа.

OhridNews