На неодамна организираниот државен натпревар по англиски јазик што се одржа во организација на “Петта приватна гимназија” третото место го освои Мартин Мургоски VIII-2 одделение, додека петтото место го освои Александар Димоски VIII-5 одделение и двајцата ученици при ОУ “Григор Прличев”.

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ освоија бројни награди и на регионалниот натпревар по математика и физика организиран во  Колеџот за основно и средно образование “Јахја Кемал” . Софија Димоска VIII-2 одд. – второ место, Милијана Шулајкоска VIII-2 одд. – трето место, Александар Димоски VIII-5 одд. – четврто место, Анастасија Игњатовска VIII-1 одд. – петто место.

Учениците Марија Таштаноска VIII-5 одд., Сара Трајкоска VIII-2 одд. и Стефан Јаковчески VIII-2 одд. беа пофалени.

Со остварени бројни успеси учениците од ОУ „Григор Прличев“ можат да се пофалат и од регионалниот натпревар по англиски јазик во организација на Колеџот за основно и средно образование „Јахја Кемал“. Во конкуренција на 330 ученици од Дебар, Струга, Кичево, Охрид и Ресен, првото место го освои Мартин Мургоски VIII-2 одделение пру ОУ “Григор Прличев”. На овој натпревар, награди во вид на попуст при упис на овој колеџ добија Александар Димоски VIII-5 одд. и Ана Томевска VIII-2 одд., а пофалници како финалисти добија учениците Анастасија Игњатовска VIII-1, Анастазија Паскали VIII-1 и Ева Новеска VIII-2 одделение, сите ученици при ОУ “Григор Прличев”.

OhridNews