Третоодделенците од ОУ „ Христо Узунов“  го посетија АД „ Градинар“ , каде од страна на директорот Јордан Буџакоски беа запознаени со начинот на производство и одгледување на зеленчукот.

Она што посебно ги воодушеви учениците и наставниците беше сознанието дека во „ Градинар“ третирањето на растенијата се врши строго контролирано со препарати одобрени од Европската Унија, од Зелен ЕКО листа. Се запознаа и со начинот на автоматско загревање и ладење до потребната температура за раст и развој на растенијата. Видоа што е тоа систем за наводнување капка по капка, односно кога растенијата добиваат вода и храна колку што им е потребно, информираат од училиштето.

OhridNews