Учениците од ОУ“  Кочо Рацин “ со бројни активности ја реализираа кампањата  “Здрава храна за детство без мана“, како  дел од програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем “.

Основците се запознаа со значењето на здравата исхрана, што воедно ги поттикна секојдневно  да конзумираат здрава храна. 


Во рамки на кампањата, вчера беше одржана интегрирана активност во која дојдоја до израз креативната работа, вложениот труд, бројните идеи на учениците и одделенските наставници, во соработка со родителите, се со цел- што почестата примена на здравата храна.


По драматизациите и ритмичките игри децата беа поделени во работилници, по што на оргинален и одлично организиран начин извршија презентација на своите трудови.

OhridNews