Во основното училиште „ Кочо Рацин“ деновиве во посета беа претставници од НЛБ Тутунска банка кои на учениците им овозможија да научат нешто повеќе за штедењето и за спортот како добри навики во животот.
Учениците по разговорот за штедењето изработуваа ликовни творби со кои ќе учествуваат на наградниот конкурс на тема „ Штедењето и спортот“ во организација на банката. На крајот од активноста сите учесници добија награди за успешно изработените творби.
OhridNews