Ученици и наставници од ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид, по петти пат   учествуваа на УНЕСКО кампот  „Корени и крилја“  кој годинава од 18 до 23 септември, се оддржа во Пиран- Словенија.


Охридските претставници на кампот со тема  „Деца со посебни потреби меѓу нас“ се претставија со кратка програма, достојно претставувајќи го училиштето, градот Охрид и Република Македонија.


Покрај ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид  , на УНЕСКО кампот во Пиран оваа година учествуваа претставници од училишта од Италија, Австрија, Полска, Финска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Унгарија и Романија и од земјата домаќин-  Словенија.

Ohridnews