Дел од учениците беа вклучени во активностите за уредување и чистење на училишниот двор, додека пак останатите засадуваа цвеќиња, ги уредуваа училниците и со еко-пароли поминаа по улиците во селото и го потсетија месното население дека треба сите заедно да се грижиме за околината, да ја негуваме и чуваме.
– Природата дарува љубов, живот и убавина, задоволство на душата и мил поглед за нашите очи- беа дел од пораките кои ги упатија учениците.