Основците од селата Мешеишта, Белчишта, Оровник, Требеништа, Коњско, Елшани, Пештани, Лескоец и Косел беа дел од неделата за подобрување на оралното здравје „За посреќно детство“.

За таа цел тимот на стоматолошки центар „Д-р Баткоски“ одржа едукативни предавања во врска со унапредувањето на оралното здравје и подели четки за заби за сите ученици од 5-тите одделенија.

 -Преку оваа акција сакавме да се доближиме до дечињата и да им покажеме колку е важно денталното здравје. Сигурни сме дека успеавме во тоа. Исто така искажуваме особена благодарност до „CURAPROX“ кои несебично учествуваа во оваа акција и ги обезбедија четките за заби наменети на учениците, информираа од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

Оттаму потенцираат дека првилниот начин на одржување на забите во детството е основа за понатамошно дентално здравје.

OhridNews