-Градоначалникот Петрески во својот живот постојано им помага на децата со посебни потреби. Тој ги подржува сите хуманитарни активности и проекти поврзани со решавањето на проблемите на децата со посебни потреби- се вели во образложението за наградата што ја добил Петрески.
Изразувајќи благодарност, градоначалникот Петрески вети дека Локалната самоуправа во ОУ „Св. Климент Охридски“ ќе создаде услови за организација на едукативни кампови.
Тема на годинешниот УНЕСКО камп беше „Деца со посебни потреби меѓу нас“. Покрај ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид , на кампот во Пиран учествуваа училишта од Италија, Австрија, Полска, Финска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Унгарија и Романија и домаќините од Словенија. Инаку , ова е 5-ти пат учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид со своите ментори да учествуваат на УНЕСКО кампови.