По повод 3-Декември – Меѓународниот ден на лица со хендикеп, учениците од основното училиште „Св. Климент Охридски“ за своите соученици со посебни образовни потреби, организираа работилница со наслов „Со своја рака, направив без мака“. Во рамки на работилницата се изработуваше накит со урбан мотив, кој е предвидено да биде изложен на продажната изложба во Центарот за култура „ Григор Прличев“ по повод Патрониот празник на училиштето.
Во изработувањето на накитот се вклучија учениците со посебни образовни потреби, учениците од редовната настава, наставници, родители.
– Средствата од продажната изложба ќе бидат наменети за обновување материјали за работа и изработка на накит и постојано опстојување на работилница за изработка на накит на учениците со посебни образовни потреби. Сето тоа ќе овозможи понатамошно учество на продажни изложби во пошироки рамки и промоција на ракотворбите на учениците со посебни образовни потреби, вели директорот на ОУ „Св. Климент Охридски“, Јордан Пуроски.
Работилницата се реализира со поддршка од наставниците-дефектолози Лилија Стиловска, Лидија Крстиновска, Весна Кајмакоска, директорот на училиштето, „Лајанс-клуб-Десарети“ и Царева Здравеска која донираше накит и алатки за изработка на накит.
OhridNews