Група ученици од ОУ „ Ванчо Николески“ од Лескоец, во рамките на нивните наставни активности, вчера беа во посета на општина Охрид.

Во придржба  на заманик- градоначалникот Ангел Јанев, тие ги посетија салите во кои се одржуваат седниците на Советот на општината, кабинетот на градоначалникот и просториите во кои работи локалната администрација.

Учениците се запознаа со ингеренциите и работата на локалната самоуправа, интересирајќи се за тоа како можат граѓаните да побараат решавање на одреден проблем.

OhridNews