Македонија се најде на 29-то место во светот во меѓународно тестирање по математика, односно на 38-мо по природните науки(хемија, физика, биологија и географија). Истражувањето спроведено во текот на минатата година со кое се опфатени над 4 000 осмоодделенци од 150 училишта во Македонија, има за цел да го подобри пристапот кон изучување на овие науки.
Резултатите кои вчера беа објавени од страна на студијата ТИМСС (Trends in International Mathematics and Science Study), опфатија 63 земји во светот. Според резултатите по математика, во земјава и светот има надолен тренд кон изучувањето на оваа дисциплина. „Македонија се наоѓа во среднопласираната група на земји, што е задоволувачки резултат. Од друга страна тоа остава простор за подобрување. Факт е дека немаме голема заинтересираност за изучување на овој предмет и негово полагање на државната матура“– изјави Министерот за образование и наука, Панче Кралев.
Со цел да се подобри начинот на изучување на овие науки, односно наставните планови и предавањата, треба да се спроведе одлуката за преведување на учебници од британските издавачки куќи. „Треба да развиеме конкретни мерки како да се подобрат резултатите во природните науки за следното тестирање на ТИМСС. Наставните програми од земја до земја имаат свои специфики, но овој вид тестирања ни овозможуваат да поставиме цел“ – додаде Кралев.
Инаку, тестот е конципиран во два дела – еден за математика, а другиот е комбинација за четирите природни науки. Следното тестирање на ТИМСС ќе биде во 2015-та година, а во тек е подготовката на националниот извештај, преку кој ќе се видат постигнувањата на учениците.
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организациј...
Со лозот „Титаниум“, Државна лотарија продолжува да ја збогатува понудата на инстант игри што носат возбуда и надеж Лоз што носи уникатна можност за освојување автомобили и парични добивки, создаде...
Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф д-р Ан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.