Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) на Општина Охрид, во соработка со општинските основни училишта, денеска се оджа Општинскиот годишен натпревар „Детски семафор 2012“. Учесниците се натпреваруваа во теоретско знаење – познавање на сообраќајните знаци, правила и прописи со решавање на тестови, како и во практичен дел – вешто возење со велосипед на уреден полигон, што се одржа на градскиот кеј.
На општинскиот натпревар учество зедоа вкупно 48 ученици од осум основни училишта. Беа постигнати следните резултати:
Екипно:
Прво место – екипата на ОУ Живко Чинго
Второ место – екипата на ОУ Св. Климент Охридски
Трето место – екипата на ОУ Дебрца
Поединечен пласман, женска конкуренција:
Прво место – Тамара Маркоска, VI одд. ОУ Живко Чинго
Второ место – Елена Маркоска, VI одд. ОУ Св. Климент Охридски
Трето место – Марија Колоска, VI одд. ОУ Живко Чинго
Поединечен пласман, машка конкуренција:
Прво место – Наум Шибакоски, VI одд. ОУ Живко Чинго
Второ место – Андреј Паскали, VI одд. ОУ Св. Климент Охридски
Трето место – Валентин Петрески, VI одд. ОУ Дебрца
Организаторот на општинскиот натпревар обезбеди признанија за сите учесници во натпреварот, како и вредни награди и дипломи за најуспешните ученици и наставници – ментори. Трите првопласирани екипи освоија пехари за прво, второ и трето место во екипна конкуренција. Во поединечна конкуренција, првопласираните ученици освоија велосипеди, второпласираните освоија мобилни телефони, а третопласираните ученици освоија заштитни кациги. Со заштитна кацига беше награден и најмладиот учесник на денешниот натпревар, Мартин Андреески, В одд. од ОУ Христо Узунов, а најуспешниот ученик во вештото возење со велосипед, Климент Балоски, VI одд. од ОУ Живко Чинго како награда доби велосипед.
Од најуспешните и највештите натпреварувачи се формира општинска екипа, која ќе земе учество на регионалниот натпревар „Детски семафор“, и евентуално на државниот натпревар, чие одржување е закажано за 19-ти Мај, во следниот состав:
Тамара МаркоскаVI одд. ОУ Живко Чинго
Елена Маркоска, VI одд. ОУ Св. Климент Охридски
Наум Шибакоски, VI одд. ОУ Живко Чинго
Андреј Паскали, VI одд. ОУ Св. Климент Охридски
Климент Балоски, VI одд. од ОУ Живко Чинго
Марија Цветаноска, VI одд. ОУ Братство Единство