Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) на Општина Охрид, вчера се одржа Општинскиот годишен натпревар „Детски семафор“.


На натпреварот учество зедоа вкупно 30 ученици, од 5 основни училишта во општината. Според конечните резултати, во екипна конкуренција првото место и победничкиот пехар го освои екипата од ОУ „Св. Климент Охридски“, второто место го освои екипата на ОУ „Григор Прличев“, а третото место екипата на ОУ „Живко Чинго“.


Во поединечна конкуренција, беа постигнати следните резултати:

Женска конкуренција:

  1. место – Емилија Миленкоска, 7-мо одд.О.У. „Григор Прличев“
  2. место – Сара Китрозоска, 8-мо одд. О.У.„Григор Прличев“
  3. место – Кети Маркоска, 5-то одд.О.У. „Живко Чинго“
Машка конкуренција:
  1. место – Христијан Шикалоски, 7-мо одд. О.У. „Христо Узунов“
  2. место – Кристијан Митрески, 8-мо одд. О.У.„Св. Климент Охридски“
  3. место – Јордан Буџакоски, 7-мо одд. О.У.„Живко Чинго“
Организаторот на општинскиот натпревар – ОСБСП за сите учесници на натпреварот обезбеди пригодни признанија и подароци, а за најдобрите и највештите натпреварувачи, покрај дипломите, беа обезбедени вредни награди и подароци, како во поединечна, така и во екипна конкуренција.


Првопласираните во машка и во женска конкуренција добија тркачки велосипеди, а вторите и третите награди  беа мобилни телефони со припејд броеви. Пригодни подароци и признанија им беа доделени и на одговорните наставници – ментори на екипите кои ги претставуваа основните училишта. На трите најуспешни екипи им беа доделени победничките пехари. Сите учесници на денешниот натпревар се здобија со пенкала, капчиња, сендвичи, сокчиња, како и признанија за нивното учество.


Општинскиот натпревар претставува продолжение на започнатите активности на ОСБСП за унапредување на сообраќајно – техничката култура на учениците и најмладите учесници во сообраќајот во нашата општина. Од шесте најдобри, најуспешни и највешти ученици на општиснкиот натпревар беше составена екипа, која ќе ја претставува Општина Охрид на регионалниот натпревар, што ќе се одржи идната седмица во Дебар.

OhridNews