Учениците од ОУ “Братство Единство” и од ОУ “Христо Узинов” денес остварија посета на општинската зграда каде беа примени од делегација на Општина Охрид, предводена од претседателот на Советот, Душко Јаковчески, советникот Кујтим Усејни и раководителот на Одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита Серафим Наумовски.

Претседателот Јаковчески пред учениците ја претстави организацијата и функциите на Општината и Советот и начинот на избор на членовите во Советот на Општина Охрид. Учениците поставуваа прашања околу основањето и работата на Општината, начинот на информирање и решавањето на проблемите на граѓаните.

OhridNews