Учениците од деветтите оделенија од основното училиште „ Григор Прличев“ вчера, имаа можност да дознаат повеќе за болестите на зависност: алкохолизам, никотинизам и наркоманија.
Основците со внимание го проследија стручното предавање и презентација на Д-р Соња Стурлакова Димоска во организација на Црвен крст на Р. Македонија кој според календарот на активности ги одбележува болестите на зависност.
Основците потенцираат дека ваквиот тип на предавања оставаат позитивна трага за превенција од ваквите зависности.
OhridNews