Изработката на Охридскиот бисер, резбарството и филиранството како традиционални охридски занаети, беа презентирани вчера пред учениците во Основното училиште ,,Григор Прличев’’ во Охрид.


Оваа презентација која имаше за цел да ги запознае најмладите охриѓани со препознатливите занаети на охридската чаршија, ја организираше невладината организација ,,Зелен Дом’’ во соработка со Секторот за локален и економси развој при Општина Охрид.

OhridNews