Основците имаа можност да седнат во советничките столчиња во големата општинска сала каде редовно се одржуваат седниците на советот, а го посетија и градоначалникот во неговиот кабинет.
Учениците имаа можност да поставуваат прашања околу работењето на градоначалникот, советот и да дознаат нешто повеќе како функционира локалната самоуправа.