Четвртооделенци од ОУ “Христо Узунов” во рамки на наставната програма  остварија посета на Општина Охрид, каде беа пречекани од раководителот на Одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита, Серафим Наумовски. Тој ги запозна учениците со грбот и знамето на Општина Охрид, бројот на жители, организацијата и изборот на Советот и поделеноста на месни и урбани заедници на Општината.

Учениците се интересираа за грижата на чистотата на градот, половата застапеност на жителите во Охрид, воведување на физичко образование во одделенската настава и значењето на грбот на Општината.

Целта на овие посети е младите генерации подобро да се запознаат со основните податоци за работата на локалната самоуправа.

OhridNews