Во текот на изминатата неделеа, по повод Детската недела, бројни активбости се одржаа и во основното училиште „Кочо Рацин“ и подрачното школо во Долно Лакочереј.

Учениците имаа можност да слушнат повеќе за детските права и обврски во училиштето, во домот и во локалната средина, при што имаа можност да изработат портфолија со правата и обврските на децата со кои потоа беа украсени училниците.

Неизоставен дел од случувањата беа и спортските  активности и натпревари меѓу учениците, изработката на ликовни и литературни творби со наслов „Ние децата“. Неделата беше заокружена со одржување на свечена приредба, кога  првачињата дадоа свечена заклетва  и  станаа членови на  Детската  организација.