Инструктори за боречки вештини од Секторот за внатрешни работи Охрид,  отпочнаа со  реализацијата на проектот „Учиме самоодбрана„, кој опфаќа изучување на боречки вештини и подигнување на степенот на безбедносната култура кај младите.

Денес, инструкторите се во посета на Основното училиште „Св.Климент Охридски„ а утре ќе го посетат и основното училиште „Живко Чинго„ во Велгошти.

Проектот „Учиме самоодбрана„ е во согласност со локалниот акционен план за Општина Охрид и како спортски концепт, се спроведува со учениците од седмите и осмите одделенија од основните училишта во градот како и со повеќе други ученици кои  покажаа желба за учество и совладување на вештините на самоодбраната.

Од почетокот на оваа година, кога СВР Охрид и Младинскиот совет на Охрид, ја започнаа реализацијата на проектот „Учиме самоодбрана„ практичните вежби за учење на боречки вештини ги посетиле над 100 ученици од повеќе основни училишта во Охрид.

OhridNews