Со опасностите од користењето дрога  денеска се запознаваат учениците од основното училиште „Кочо Рацин“ во Лакочереј и нивните родители. Едукативни предавања ќе се одржат и  Младинскиот центар во селото.

Покрај предавањата од стручо медицинско лице и од претставник на МВР, младите и нивните родители имаат можност да ја видат и колекцијата запленети дроги од страна на Министерството за внатрешни работи.

Со проектот што го релизираат Секторот за внатрешни работи – Охрид и општинската организација на Црвениот крст се опфатени сите основни училишта во општинава.

Ohridnews