Во рамките на  своите активности во делот на Подготвеност и дејствување при катастрофи, Црвен крст Охрид со поддршка на Црвен крст на Македонија и Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина од Женева, реализира проект “Проценка на ризици и заштита од катастрофи”.


Централната показна, тренинг вежба за евакуација во случај на катастрофа се одржа во основното училиште Христо Узунов. Учествуваа институции надлежни за делување во такви ситуации (ЦУК, ДСЗ, СВР, Службата за итна медицинска помош, Противпожарната бригада, Локалните самоуправи на Охрид и Дебарца, Црвен крст Охрид). Првичната оценка е дека вежбата успешно е спроведена.


Освен во ова училиште вакви тренинг вежби предвидено е да се реализираат уште во седум основни и едно средно училиште на територијата на општините Охрид и Дебарца.


Целта е да се подигне нивото на знаења кај вработените во образовните институции и учениците, за делување и заштита во случај на катастрофа, соодветно на елаборатите за заштита и спасување и плановите за евакуација. Во таа насока Црвен крст Охрид, со своите капацитети им стои на располаганје на сите субјекти.

OhridNews