Осомничен за инцидентот кај женска плажа и побегнал на полицијата од болница
23.01.12 00:05
Еден од осомничените за оружениот инцидент што на 19-ти јануари се случи кај Женска плажа во центарот на Струга, и побегнал на полицијата од болницита во која бил згрижен поради повредите здобиени во пресметката и
сеуште се наоѓа во бегство.
-Едно лице избега преку прозор од хируршкото одделение на струшката болница искористувајќи го моментот кога полициските службеници вршеле смена. Се преземаат мерки за негово приведување и прашање на време е кога тоа ќе биде направено, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Како што веќе информиравме, полицијата ги идентификуваше и поднесе кривична пријава против инволвираните во оружениот инцидент. Во тепапачката во која биле употребени огнено оружје, гасен пиштол и нож, две лица се здобија со прострелни рани, а на едно лице му биле нанесени убоди со остар предмет. Полицијата соопшти дека во инцидентот биле вмешани шест лица, против три од нив поднесени се кривични пријави за убиство во обид и недозволено држење и тргување со огнено оружје, а останатите се товарат за недозволено држење и тргување со огнено оружје, како и за учество во тепачка и загрозување со опасно орудие.
Истражен судија на пет од шестмината приведените им одреди мерка притвор во трање од 8 до 30 дена.
Причините за пресметката во која учествувал и Александар Верушески, инаку син на поранешен висок полициски функционер, била меѓусебна нетрпеливост која траела подолго време. При претрес на неговиот стан полицијата соопшти дека пронашла муниција, непозната прашкаста материја и поголема количина таблети, кои се предадени на вештачење.
Со една координирана интер-секторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во врска со ден...
Амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас денес оставри посета и на Планинската спасителна служба во Охрид каде одблиску се запозна со инфраструктурата, опремата и човечките ресурси со кои расп...
Општина Охрид, во согласност со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување усвоен од Владата на Република Македонија, објави јавен повик за работно ангажирање на невработени лица ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.